fix bar
fix bar
fix bar
fix bar
fix bar
fix bar
    slidebg1

Проектот е насочен кон ранливите групи во општеството во пограничниот регион – луѓето со пречки во развојот, младите и ромите. Во преден план е поставено подигнувањето на конкурентноста и способноста на бизнис заедницата и развојот на малите и средни претпријатија. Развојот на социјалните претпријатија ја зголемува вработеноста кај младите луѓе и маргинализираните групи и помага во задоволувањето на потребите кај населението во пограничниот регион и руралните области.

Создавањето на модел за зголемување на способностите кај целните групи, со крајна цел на нивно вработување, е основната стратегија на проектот која одговара на специфичните потреби, културните и економски карактеристики на општеството. Моделите за исполување на проектот ја нагласуваат потребата од социјално претприемништво, карактеристиките и потребите на целните групи, пазарите и очекуваните инвестициски програми. Обуките за тренерите во областа на социјално претприемништво ќе овозможи вработување за маргинализираните лица и лицата со посебни потреби и ќе им се помогне во основањето на сопствени претпријатија.

Запознавањето на потенцијалните инвеститори со можностите и вештините на овие категории на луѓе, преку социјални претпријатија, ќе обезбеди подобар стимул за ангажирање или вработување на тие луѓе.

Ниската економска активност во Североисточниот дел на Македонија и Југозападна Бугарија, затворените претпријатија во преиодот на приватизацијата, чувството на несигурност при инвестирање, ниската стапка на искористување на европските и националните програми, се некои од факторите коишто генерираат висок степен на невработеност, особено кај жените, лицата со посебни потреби, ромите и други маргинализирани групи. Една од основите цели на проектот е да се намали таа несигурност, како и да се намали невработеноста во ранливите групи на граѓани.

image