fix bar
fix bar
fix bar
fix bar
fix bar
fix bar

Оддржливост

Оддржливост

Откако заврши договорот за соработка и финансирањето на проектот, продолжија активностите и косолидација на резултатите. Партнерите од проектот и веќе обучените бенефициенти ја продолжија успешната соработка и ги надградија постигнатите резултати. Претставници од партнерските организации на доброволна база продолжиа со своите активности со таргет групите се со цел да се максимизираат бенефитите од проектот и да се осигура неговата оддржливост.

За таа цел, е воведено како практика – т.н. Арт терапија со претставниците на таргет групата. Тоа е модерен терапетски модел за луѓе со попреченост каде што преку разлилни типови на применета уметност се постигнува прогрес во однос на мускулните, менталните и мотивациони вештини. Со зголемување на нивната мотивација и интерес значително се збогатува нивниот секојдневен живот. Базирано на обуките што беа дел од проектот и на видливите резултати од нивните напори нивниот интерес во однос на шиење, склопување, производство на миризливи свеќи се зголеми. Палетата на производи се зголеми со што нови модели на кукли и свеќи создадени.

Успехот и влијанието на Арт терапијата на бенефициентите доведе до развој на кампања поврзана со празниците како – Божиќ, Велигден и други. Учесниците ја зголемуваат самодоверба во нивните способности преку учество на овие настани и тие почнаа да иницираат свои модели и да набавуваат свои материјали.

Со помош на проектните партнери, готовите производи се популаризирани на различни настани и форуми. Со ова се зголеми јавната свест за целокупниот модел за работа со маргинализирани групи помогната во проектот, што предизвика и зголемен интерес за овој вид на програми. На некои од настаните беа присутни и гости од странство, кои беа импресионирани од иновативните и модерни начини на работење. Исто така им беше презентирана и играчката платформа, развиена преку проектот, која може да биде искористена како метод за учење и едукација на оваа група на луѓе. Играчката платформа е снимена повеќе од 3 200 пати и овој број постојано расне. Одржувањето на софтверот е продолжено и нови подобрувања во однос на сигурноста и елиминација на грешките се направени.

Сите продукти што се дистрибуирани ги содржат информациите за програмата и Управувачкиот Одбор.

Некои настани каде што беа презентирани продуктите се :

SHE leader @ digital Conference 2018 – Софија, Бугарија каде што присуствуаа интернационални гости и претставници на Европскиот Парламент;

LeapIn – Конференција во Софија, Бугарија

German Christmas market in front of the National Theater "Ivan Vazov" – Софија, Бугарија

Куклите со Бугарско знаме беа произведени од лица кои престојуваат во домот за лица со посебни потреби во село Преколница и беа испратени до Министерствто за Надворешни работи.

За возврат, министерството ги подари на сите амбасадори во Бугарија за време на традиционалниот Божиќен бал.

Pro Plants Ltd. – им помогна на бенефициентите со потребните чаеви за Арт терапија

Многу други социјално одговорни организации и компании ги добија производите. Дел од куклите стигнаа и до Европската Комисија, каде што министрите ги добија како поклон. Ние, проект партнерите нема да се повлечеме од поддршка на маргинализираните групи и ќе продолжиме активно да партиципираме во процесот. Фактот што проектот е завршен не значи дека на бенефициентите не им е потребна поддршка и константна грижа во нивниот секојдневен живот.